СКСЗМ со предлог кандидат за вице премиер
20 Мај 2017 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија на денешната конференција му честита на господинот Зоран Заев за добивање на мандатот за составување на Владата на Република Македонија.
СКСЗМ е уверена дека под решителното водство на новата влада ќе се решат предизвиците кои претстојат и унапредувањето на односите меѓу сите институции како дополнителен поттик на натамошното јакнење на соработката и заедничкото делување кое ќе придонесе кон конструктивен пристап за зајакнување на демократијата во Република Македонија, политичкиот диалог и решавање на клучните прашања важни за економскиот развој на нашата држава.
Во врска со последните политички случувања, СКСЗМ како претставници на деловната заедница во континуитет реагирале кон недоволно промислените политички одлуки, кои директно го загрозуваат владеењето на правото, без кое не можеме да зборуваме за функционирање на државата и можноста за водење бизнис.
Во овие услови на криза, бизнисот бара поголема стабилност. Од таа причина, СКСЗМ од идната влада ја побара функцијата заменик-премиер од редовите на бизнисот и истото беше дискутирано на средбите со г-дин Заев, на кои што ние постојано го потенциравме активното учество во извршната власт и целосно усогласување на интересите на бизнисот со владините политики. Имено, бизнисот да има пристап во подготовката на законите пред тие да ги поминат филтрите на владата, а не откако ќе влезат во собраниска процедура.
На вчерашниот состанок на Управниот Одбор на СКСЗМ со мнозинство гласови, се избра предлог кандидатот за Вицепремиер за економски прашања, г-динот Неби Хоџа.
Со оваа функција во новата влада, СКСЗМ очекува да придонесе кон подобрување на комуникацијата помеѓу извршната власт и бизнис секторот во врска со проблемите и дилемите кои влијаат на правењето бизнис. Бараме зголемено учество на бизнис заедницата во подготовката на законите и усогласување на законските измени со барањата и потребите на бизнисот и активно учество во контролирање на владините економски политики.
Тоа што ја поттикна бизнис заедницата и СКСЗМ како комора за една ваква иницијатива е заморот од неизвесната политичка клима, несигурноста, недостатокот на пари во бизнисот и многу други проблеми кои го попречуваат работењето.
Затоа СКСЗМ смета дека е време бизнисот да биде вклучен заедно во изработката и спроведувањето во пракса на економската и развојната политика на државата.