СКСЗМ со конкретни предлози за економската платформа
03 Ноември 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија денес одржа средба со Министерот за Финансии Кирил Миновски, Министерот за Транспорт и Врски Владо Мисајловски и заменик Министерот за Економија Христијан Делев.
На денешната средба се дискутираше за прашањата поврзани со економскиот развој и финансии, кои во принцип се сектори што овозможуваат соодветен развој на бизнисот во Македонија.
Предизвиците со кои се соочува деловниот сектор, особено бизнисите, се бројни. Ниту еден од овие предизвици во различни сегменти на општеството не може индивидуално да одговори соодветно, заради тоа, СКСЗМ како релевантен актер во областа на економскиот развој и подобрување на бизнис климата, се обидува да ги артикулира и да се справи со проблемите за нивно долгорочно решение.
„Клучните принципи што според нас треба да ги има секоја политичка партија во својата економската програма се: транспарентност и отчетност, намалување на нееднаквоста во регионалниот развој, напуштање на митот за евтина работна сила, нови мерки за зголемување на вработеноста и подготвување на економска платформа за одржлив економски развој и раст на БДП над 4 %”, истакна Неби Хоџа, Претседател на СКСЗМ.
Ние, како Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, свесни за важноста и влијанието на политичките и економските случувања во земјата, презедовме иницијатива во овој предизборен период да организираме консултативни состаноци со сите политички партии во земјата. Главната цел е да се информира членството на Комората со економската платформа на секоја политичка партија посебно, а исто така да дадат и свој придонес по потреба врз основа на искуството како бизнис заедница. – посочи Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.
СКСЗМ до политичките партии конкретно ги посочи барањата за конкурентните мерки за развој на бизнисот и економијата, со веќе дефинирани рокови.
Платформата на СКСЗМ опфаќа низа приоритетни реформи и мерки во различни области како што се: реформи во јавните и државните институции, вработувања, развој на бизнисот, инфраструктурата, енергетиката, развојот на туризмот, технолошко и индустриски развојни зони, земјоделие, и други.
СКСЗМ во следниот период ќе продолжи интензивна комуникација со сите релевантни чинители од политиката со цел да се искреира деловно опкружување и политики коишто ќе овозможат повисок економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.
Comments are closed.