Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ се сретна со амбасадорот Фетаи, се разговараше за зголемување на трговската размена со Хрватска

СКСЗМ се сретна со амбасадорот Фетаи, се разговараше за зголемување на трговската размена со Хрватска

СКСЗМ се сретна со амбасадорот Фетаи, се разговараше за зголемување на трговската размена со Хрватска

Претседателот г-дин Неби Хоџа заедно со Извршниот директор г-дин Дрилон Исени во просториите на СКСЗМ се сретнаа со амбасадорот на Република Северна Македонија во Хрватска, г-дин Милаим Фетаи.
На оваа средба, пред се, се разговараше за економскиот аспект, како и за максимизирање на добрите односи меѓу двете држави, искористувајќи ги истите за зголемување на економската соработка и трговската размена.
Претставниците на СКСЗМ изразија подготвеност да помогнат во овој процес, имајќи предвид дека комората располага со голема мрежа на компании членки кои со текот на годините пораснаа и се проширија на регионалните пазари и пошироко.
СКСЗМ останува лојална на својата мисија и визија за унапредување и раст на домашниот бизнис, чија крајна цел е развојот на општеството од економски аспект.