„СКСЗМ се сретна со албанската опозиција: Разговараат за економијата и бизнисот – се бара решение за проблемите“

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со нејзиниот Претседател г-дин. Qyra, извршниот директор и членките на одборот, одржаа средба со албанската Опозиција во земјава.

Целта на средбата беше да се откријат приоритетите на двете страни за тековната година, но и непосредните цели на истата, при што СКСЗМ инсистираше на точките што ги имаат бизнисите како главни предизвици, почнувајќи од:
Работната сила, Унифицирање на Царинските тарифи, решавањето на бројните проблеми на Зона Визбегово, како и Урбанизмот и Енергетика.

Претставниците на СКСЗМ ја истакнаа важноста од создавање механизам кој ќе го стави во функција системот на консензуално одлучување во однос на економските политики, со цел тие да се спроведуваат, да имаат континуитет и да не бидат засегнати кога се менуваат владите.

СКСЗМ, како независна институција, соработува со сите релевантни актери во насока на подобрување на климата за бизнис, како предуслов за социо-економска стабилност на земјата и нејзините граѓани.