СКСЗМ сега со нов Претседател. Избран г-дин Менди Ќура

СКСЗМ денеска го одржа V-то изборно собрание, каде беше избран новиот претседател на Комората. Меѓу останатите, избрани беа и пратеници, Претседателот и зм. Претседателот на собранието, 18 членови на Управниот одбор и 5 членови на Надзорниот одбор.

Новоизбраниот претседател г-дин Менди Ќура во своето обраќање кон пратениците и претставниците на другите органи на комората, се изрази дека своето раководство го oснова врз принципи и вредности на СКСЗМ, и во согласност со Мисијата и Визијата на комората за заштита и унапредување на нејзините членки.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува да ги организира и штити бизнисите во земјата под закрилата на својата мисија, така што со ова изборно собрание покажува капацитет и континуитет во нејзиното работење веќе 18 години.