СКСЗМ реализираше средба со членките од Дебар

  Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) на 28 мај 2013 година, во Дебар, реализираше средба со нејзините членки. Средбата е дел од Караванот на СКСЗМ што се организира во текот на месец мај и јуни во градовите каде што дејствува. Средбат се одржа во зградата на Општина Дебар.

  Резултатите за 2012 година и планираните активности за 2013 година беа презентирани од страна на заменик-изврпниот директор, г. Арбен Халили. За време на средбата беше разговарано околу разлничните проблеми кои се значајни за компаниите од овој регион, и беа предложени можности за нивното решавање. 

  Компаниите го истакнаа упте еднаш проблемот со инфраструктурата, односно реконструкција на патниот правец Маврово-Дебар, кој е во многу лоша состојба. Ова е еден од проблемите за не доаѓање на странските инвеститори во Општина Дебар.

  Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, г. Мендерес Кучи, потенцира дека отварањето на локалната канцеларија во Општина Дебар ќе биде стимул за компаниите да ги изразат нивните проблеми со кои се соочуваат и ќе бидат адресирани до соодветните институции од страна на Комората.

  Идната средба ќе се одржи во Скопје на 30 мај 2013 година.