СКСЗМ реализираше средба со бизнисмени од Бугарија
Бизнисмени членови на СКСЗМ денеска во Скопје имаа средба со претставници на бугарските компании со цел да се интензивира трговијата и индустриската размена.
Бизнис делегацијата од Бугарија, е предводена од претседателот на Бугарската Стопанска Комора, г-дин Рацо Цветков, кој е истотака сопственик на бугарска фирма, и заменик-претседателот на Здружението на индустрискиот капитал во Бугарија, г-дин. Стефан Василев.Бизнисмените ќе разговараат за организирање на бизнис средби во Софија и во Скопје.
Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, изрази подготвеност за соработка, презентирајќи ги можностите кои нашите компании-членки ги нудат, како и поволностите кои Македонија ги нуди за странските инвеститори.
Овие средби се дел од иницијативата на Здружението за денови на октомври на бизнисмените од двете земји. Во тие се очекуваат презантирање на конкретни интереси за вмрежување на корпоративните планови за да се зголеми вкупната размена меѓу двете економии и взаемна инвестициja.
Comments are closed.