Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ реализираше работен ручек со Претседателот на Влада, г.Зоран Заев

СКСЗМ реализираше работен ручек со Претседателот на Влада, г.Зоран Заев

СКСЗМ реализираше работен ручек со Претседателот на Влада, г.Зоран Заев

05.04.2019 – Денеска, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија организираше работна средба со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г.Зоран Заев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, Министерот за образование и наука, Арбер Адеми. Од страната на СКСЗМ беа присутни претседателот, г.Неби Хоџа, членови на Управниот и Надзорниот одбор на комората и неколку компании членки.

На оваа средба се разговораше за предизвиците со кои се соочува бизнис секторот, за владините мерки и политики за поддршка на бизнисот, за инвестициските можности што ги нуди нашата земја, а се разговараше и за актуелните проблеми на кои посочуваат компаниите во вршењето на дејноста на деловните субјекти, и за начините на нивно решавање.

Врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е развојот на економијата на нашата земја и средбите од овој тип го потврдуваат изграденото партнерство и дијалог со бизнис заедницата што е важно во овој процес на градење доверба и соработка за овозможување на економски раст на земјата од кој бенефит ќе имаат сите.

Премиерот Заев во своето обраќање даде еден осврт кон економскиот амбиент во земјата  и новите перспективи и инвестициски можности што се отвораат пред компаниите со членството во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, но и преку мерките за подршка од економски политики кои значително го подржуваат растот и развојот на конкурентноста на домашните компании.

Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа порача дека јавно – приватниот дијалог што е воспоставен со Владата на Република Северна Македонија е важен за унапредување на соработката и за наоѓање на заеднички решенија кои ќе бидат во интерес на компаниите и на граѓаните на Северна Македонија.

Сите претставници од СКСЗМ имаа можност да поставаат прашања за теми што се од интерес на бизнис заедницата и за надминување на одредени состојби. Во рамки на оваа работна средба беа потврдени заложбите од двете страни за взаемна поддршка и соработка која ќе биде во функција на интензивирање на економскиот раст на земјата како важна цел за раст на приватниот сектор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.