СКСЗМ реагира за новиот оглас на Агенцијата за вработување на РМ за обука на невработените лица

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, следејќи и анализирајќи ги политиките на државата, јасно забележува дека дискриминаторскиот пристап по етничка и регионална основа продолжува и понатаму да бидe пракса на нејзиното дејствување и донесување одлуки, односно продолжува креирањето на политиките кои ги фаворизираат македонските зони наспроти албанските. Ова го докажува и последниот оглас на Агенцијата за вработување на Република Македонија, која има за цел да обучува невработени лица, кои активно бараат работа, така што истите бидат обучени согласно потребите на пазарот на трудот.

Врз основа на направената анализа на гореспоменатиот оглас, Стопанската Комора на Северо – Западна Македонија дојде до следните заклучоци:

  • Овој оглас негативно влијае во ублажувањето на нерамномерниот регионален развој на земјата, бидејќи не се земени во предвид економските параметри како што е најавено од одговорните државни органи. Ако навистина овој проект ги има за почетна точка потребите на пазарот на трудот, тогаш истиот се очекува да се концентрира повеќе во Полошкиот регион, кој според Заводот за статистика, испаѓа дека се наоѓа на прагот на сиромаштијата. Поточно, овој регион во споредба со пелагонскиот е три пати по сиромашен.
  • Изборот на професиите и градовите е тенденциозен, поради тоа што Северозападниот регион на Македонија е вклучен само во обуките за фризери и шминкери. Конкретно, во Полошкиот регион не се предвидени обуки од областа на градежништво (како што се предвидени за Струмица, Штип и Битола), и покрај тоа што во овој регион се наоѓаат најмоќните компании за градежништво во земјата. Исто така, во истиот регион не се предвидени ни обуки од областа на млечната индустрија (како што се предвидени во Свети Николе), област во кој Полог не е само лидер во нашата земја, но исто така, претставува значаен извозник во Европската Унија.
  • Освен од аспект на географскиот избор на спроведувањето на обуките, етничка дискриминација се чувствува и во однос на изборот на нејзините спроведувачи. Всушност, останува отворено прашањето за тоа кој ќе добие финансиска корист од проектот, чии трошоци треба да бидат покриени со средствата собрани од даночните обврзници во Република Македонија без разлика на кој град или етничка група припаѓаат. На пример, ако во обуките присуствуваат само 10% од планираната целна група (230.000 лица), односно околу 20.000 лица, тогаш само трошоците за наплаќање на учесниците на месечна основа за 3 месеци би биле 6 милиони евра. Ако на оваа сума се додадат и трошоците за обучувачите, просториите за обуките и другите административни и оперативни трошоци, тогаш се гледа дека реално еден ваков проект на Република Македонија му чини толку многу, што се отвора прашањето за тоа колку реално државата поседува финансиски капацитет за да ја преземе оваа иницијатива.
  • Овој оглас сведочи за недостатокот на транспарентноста, односно за пристрасност на буџетското планирање, бидејќи никаде не се наведени очекуваните трошоците за овозможување на неговата имплементација.

Врз основа на горенаведените заклучоци, Стопанската Комора на Северозападна апелира до Владата на Република Македонија за да престане со дискриминаторската политичка пракса по кој бил основ и да примени сеопфатлив пристап, така што сите нејзини граѓани имаат еднакви можности за искористување на придобивките од нејзините политики, затоа што новите економски теории се базираат на еднакви можности за сите.

 

 

Скопје,

25 Март 2016

Comments are closed.