СКСЗМ распишува оглас за вработување
Заради потребите на проектите и извршување на нејзините активности, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, објавува КОНКУРС за следните позиции:
Службеник за соработка со деловниот сектор (1 позиција)
Кандидатите заинтересирани за работната позиција Службеник за соработка со деловниот сектор, освен условите предвидени со закон треба да ги исполнуваат и следниве услови:
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома по економски, комуникациски или општествени науки. Постдипломските студии ќе се сметат за предност;
- Познавање на службените јазици во земјата и англиски јазик. Познавање на други јазици ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на работата со компјутер (Microsoft Office пакетот и интернет).
Работно искуство:
- Најмалку 3 години професионално работно искуство;
- 2 годишно искуство во организација на обуки;
- Искуството во менаџирање на проекти на ЕУ ќе се смета за компаративна предност.
Потребни вештини:
- Одлични комуникациски вештини;
- Одлични вештини во меѓучовечки односи;
- Менаџерски вештини на проект;
- Одлични организациски вештини;
- Вештини за дејствување независно и тимска работа.
Задачи и одговорности:
- Да иницира и одржи контакти помеѓу невладиниот и деловниот сектор;
- Организирање и реализација на директни средби помеѓу претставници на граѓанскиот и деловниот сектор;
- Организирање на обуки за соодветните сектори;
- Одржување на тематски консултации врз база на проект;
- Изработка на извештаи, публикации и ажурирање на информации од проектот;
- Други задачи по барање на Извршниот Директор.
Времетраење:
Позицијата Службеник за соработка со деловниот сектор е на определено време, врз основа на времетраењето на Проектот од 18 месеци.
- Службеник за информација (1 позиција)
Кандидатите заинтересирани за работната позиција Службеник за информација, освен условите предвидени со закон треба да ги исполнуваат и следниве услови:
Основни квалификации:
- Универзитетска диплома по економски науки, комуникации и односи со јавноста. Пост-дипломските студии во овие области ќе се смета за предност;
- Познавање на службените јазици во Македонија и англиски јазик. Познавањето на други јазици ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на работата со компјутер (Microsoft Office пакетот и интернет).
Работно искуство:
- Најмалку 2 години работно искуство во областа на информации, односи со јавност, медиумите и маркетинг;
- Искуство во управување со проекти на ЕУ е предност.
Потребни вештини:
- Поседување на аналитички и комуникациски вештини;
- Вештини на меѓучовечките односи;
- Организациски способности;
- Способност да се дејствува независно и тимска работа.
Задачи и одговорности:
- Идентификување, селектирање, управување и дистрибуција на информации од интерес на Проектот;
- Изработка на извештаи, подготовка на публикации и ажурирање на веб страницата на проектот;
- Пишување и уредување на интерни текстови, говори, статии, изработка на годишни извештаи и јавни презентации;
- Подготовка и надзор на изработката на промотивните материјали на проектот;
- Одржување на секојдневен контакт со печатените и електронските медиуми, контакти со новинари, изготвувавање на соопштенија за медиуми;
- Други задачи на барање на Извршниот Директор.
Времетраење:
Позицијата Службеник за информации е на определено време, во рамки на времетраењето на проектот од 36 месеци.
- Асистент за истражувања (1 позиција)
Кандидатите заинтересирани за работната позиција Асистент за Истражувања, освен условите предвидени со закон треба да ги исполнуваат и следниве услови:
Основни квалификации:
- Универзитетска диплома по економија, а постдипломски студии во еконмски науки ќе се сметат за предност;
- Познавање на слуќбените јазици во Македонија и англиски јазик. Познавање на дополнителни јазици ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на работата со компјутер (Microsoft Office пакетот и интернет).
Работно искуство:
- Најмалку 1 година работно искуство во истражувачките активности;
- Искуството во управување со проекти на ЕУ ќе се смета за предност.
Потребни вештини:
- Поседување на аналитички вештини;
- Одлично познавање на алатки за истражување и употреба на различни извори на информации;
- Организациски и административни вештини;
- Вештина во меѓучовечките односи;
- Способност да се дејствува независно и тимска работа.
Задачи и одговорности:
- Идентификација, селекција, обработка и управување со економски информации од интерес на СКСЗМ;
- Истражување и надзор на домашните економски политики;
- Подготовка на економски анализи и истражувања во специфични области;
- Одржување и ажурирање на базата на податоци на СКСЗМ;
- Дополнителни задачи по барање на Извршниот директор.
Времетраење:
Позицијата Асистент за истражувања е на неопределено време. Избраниот кандидат ќе помине на пробна фаза од 3 месеци.
Аплицирање:
Заинтересираните кандидати да достават биографија (CV – во Еуропас форма) и мотивационо писмо на албански и на англиски јазик, како и доказ за образовните квалификации, работното искуство, завршените курсеви и референции, директно или по пошта на адреса: ул. Димитрија Чуповски бр. 13, 1000 Скопје или на е-маил адреса: info@oemvp.org
Само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат земени предвид во селекцијата.
Крајниот рок за пријавување е 15 дена од денот на објавување на конкурсот.
Документите доставени надвор од рок нема да бидат разгледувани.
Comments are closed.