СКСЗМ: Работилница за можностите што Националната агенција ги нуди за развој на бизнис заедницата
03 Ноември 2016 – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денес организираа работилница на која ги претставија програмите на „Еразмус плус 2014-2020“ и европските иницијативи „Еуропас“ , „Евридика“ , еТвининг, Еурогајденс, Еуродеск и ЕКВЕТ, како и сите можности кои ги нуди Националната агенција за развој на бизнис заедницата.
Новата програма “Еразмус плус” што се спроведува од јануари 2014 година, е програма предводена од страна на Европската комисија, со фокус на образованието, обуки, млади и спорт.
Претставници на Агенцијата истакнаа дека создавањето на нови можности за образование и стекнување на знаења и вештини за бизнисите, ќе остане приоритет на нивната агенција, и дека програмата е одлична можност за придонес кон развој на бизнис заедницата.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, рече дека овие програми ќе овозможат зголемување на нивото на образование, искуството и вештините меѓу компаниите, што во исто време ќе резултира со поголема конкуренција во управувањето со човечките ресурси. Ова значи поголем потенцијал и добра основа за развој на земјата, која е нашата главна цел.
Со имплементација на програмата „Еразмус плус“ во Република Македонија се обезбедува голема поддршка за образованието, обуката, младите и спортот. „Еразмус плус“ придонесува за надградба на институционалните капацитети, како и личен и професионален развој на сите чинители во полето на бизнисот.
Comments are closed.