СКСЗМ продолжува со својата поддршка за опоравување на бизнисите од регионот на Сингелиќ
03 Октомври 2017 – Делегација на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија предводена од Неби Хоџа, реализираа средба со претседателот на Владата на РМ Зоран Заев и претставниците на компаниите погодени од минатогодишните поплави во Стајковци, Сингелиќ и Арачиново.
СКСЗМ во тој период беше активно вклучен во фазата на вонредна состојба преку мобилизација на бизнисите за директна материјална помош за населението и собирање на средства што ќе се користат во втората фаза од наплатата на населените места.
Врз основа на истражувањето спроведено со компаниите во областите погодени од поплавите, СКСЗМ предложи конкретни планови и мерки до Владата за намалување на штетите за сопствениците на бизниси во Комората.
СКСЗМ ќе продолжи со спроведување на овие средби со Владата со цел да го реализира планот и спроведувањето на предложените мерки за закрепнување на своите деловни членови.