СКСЗМ продолжува со воведување на нови услуги за нејзините членови!
Еднo од најважните барања на членовите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија бeше и издавањето на Уверението за потекло на стока. Од денеска ова уверение се издава од страна на нашата комора која ќе го докажува потеклото на стоката од земјата извозник. Причината за издавање на истата е потребата за олеснување на постапката за извоз во земјите каде што се бара истото.
Уверението за потекло е еден од потребните документи при извоз на стоки кои се произведуваат или преработуваат во Република Македонија и истовремено е многу важна за нашите членови, помагајќи во развојот на економијата на земјата во областа на проширувањето на пазарот и зголемување на извозот. Новина во СКСЗМ е дека истата може да се издава и на албански јазик, покрај македонскиот и англиски јазик, која ќе има влијание во комуникацијата со царинските служби на соседните држави каде нашите компании вршат извоз на стоки. Со овој чекор, се олеснува постапката за извоз на стоки во Албанија и Косово.
Со издавањето на ова уверение се зголемува бројот на услугите кои ги нуди СКСЗМ и се докажува дека секогаш настојува кон подобрување на услугите кон членството!