СКСЗМ продолжува да воспоставува глобални соработки

01.12.2021, Скопје

СКСЗМ потпиша договор за соработка со Стопанската комора на Санто Доминго. Имајќи ги предвид аспирациите на компаниите членки на Комората, како и нивниот капацитет за глобално проширување, воспоставени се поблиски контакти меѓу деловните структури на двете засегнати земји кои се стремат кон употреба на нови форми и различни иновации во економската интеракција, како и соработка помеѓу двете комори во различни економски области.
СКСЗМ продолжува да докажува дека секогаш е предводник во воспоставувањето на регионални, како и глобални соработки.