СКСЗМ – Претставува барања до Министерот за Финанси
Претседателот на СКСЗМ г-дин. Менди Ќура, заедно со раководството на комората и извршниот директор, го прими на состанок Министерот за финансии г. Фатмир Бесими.
На средбата се разговараше за многу значајни теми за бизнисот и за економијата воопшто, при што претседателот Ќура и другите претставници и дадоа приоритет на Работната сила со посебен акцент на континуираното барање на СКСЗМ за намалување на придонесите од плата како предуслов за зголемување на стандардот, спречување на емиграцијата и борба против неформалната економија.
Меѓу другото, СКСЗМ презентираше и други барања како што се намалување на данокот на добивка на 8%, унифицирање на царинските тарифи со земјите од ЕУ и регионот, забрзување на враќањето на ДДВ за микро и малите компании. Исто така, се разговараше за можноста на исполнување на законската обврза за данокот за солидарност, и да им се овозможи плаќање во рати и продолжување на рокот за исплата.
Што се однесува до неформалната економија, претставниците на СКСЗМ предложија аспект на дигитализација и намалување на трошоците при трансакции по пост терминали, како и соодветен мониторинг од страна на Народната банка во однос на Закон за платежни услуги и платни системи.
Како столб на работата на СКСЗМ, која ja промовираме да се применува во сите институции од сите нивоа, е транспарентноста и отчетноста, каде се бараше поголема транспарентност на буџетот, буџетските ставки и трошењето на истиот, со цел да се капитализираат сите тековни средства кои ги трошат институциите. Претседателот Ќура побара да има и претставници на СКСЗМ во работното тело за составување на годишниот буџет, со цел да имаме можност да допринесеме во согласност со потребите на бизнисот.
СКСЗМ продолжува со својата активност во насока на заштита на домашната економија, бизнисот воопшто и создавање долгорочна перспектива за сите граѓани на економски и социјален аспект.