СКСЗМ: Претприемништвото како можност за зајакнување на жената од рурална средина

20 Oктомври 2016 – Стопанската Комора на Северо –Западна Македонија (СКСЗМ) ја организираше конференцијата на тема: “Претприемништвото како можност за  зајакнување на жената од рурална средина“ по повод Меѓународениот ден на руралната жена (ден кој се одбележува на 15 октомври), со цел да се истакне важноста на женското претприемништво како можност за економско јакнење, што е важно не само за благосостојбата на поединците, семејствата и општеството, но исто така и за продуктивноста и економската стабилност на земјата.

Жените во општо, особено жените од руралните средини докажаа дека можат да успеат. Добар пример за ова е и Групацијата на бизнис жени (ГБЖ), која функсионира во рамките на СКСЗМ, и која за време на конференцијата ги сподели своите искуства и можностите за подобрување на улогата на жените.

СКСЗМ во својата стратегија за 2016-2019 година во фокус го стави и промовирањето на женското претприемништво и постојано се обидува да го намали јазот што сè уште постои помеѓу жените и финансиските ресурси, помеѓу потенцијалот на жените и улогата која се очекува од нивна страна во општеството, со преземање на нови иницијативи и промовирање на прашањето за зајакнување на жените. Поточно, за да го докаже ова, СКСЗМ во својот Управен Одбор има вклучено три жени претприемачки кои учествуваат во процесот на донесување на одлуки во Комората. – рече Неби Хоџа, Претседател на СКСЗМ.

Со желба и работа се постигнува успех, затоа ниту една жена не треба да го напушти својот потенцијал, идеите и желбите на маргините од минатото, туку треба подобро да се искористи без оглед на тоа дали е жена од рурална или урбана средина. – рече Гзиме Фејзи, Претседател на ГБЖ.

За важноста на образованието како можност за развој на претприемачките вештини говореше Изет Зеќири, Декан на Економскиот факултет при ЈИЕУ а за родовата рамноправност во креирање политики и донесување одлуки презантираше Беса Кадриу, Д-р асистент на Факултетот за јавна администрација и политички науки.

Кристина Хаџи Василева, Извршен Директор на Консалтинг за стратешки развој ги презентираше искуствата од спроведување на програми за економско зајакнување на жената од рурална средина.

Една успешна приказна за бизнис што започна од страст беше бизнисот на Валдета Хајдари Касапи, новинар, дизајнер и претставник на НВО „АЈО“.

На конференцијата учествуваа и преставници од бизнис секторот, од различни институции, претставници од НВО и  студенти од  бизнис и економскиот факултет.

photo-10

photo-2

photo-12

photo-1

photo-9

photo-1

photo-8

Comments are closed.