СКСЗМ преку нов грант со нови услуги за своите членови

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија преку грантот што го доделува Консалтинг за стратешки развој (КСР) во рамките на проектот “Активност за јакнење на деловниот екосистем” поддржан од УСАИД, ќе ги прошири услугите што ги нуди на своите членови со воведување на целосно нов пакет услуги.
Проектот има за цел да обезбеди помош на голем број организации кои ги поддржуваат бизнисите за подобрување на нивните услуги за микро, мали и средни претпријатија, подобрувајќи ги постоечките услуги и поставувајќи нови, со цел помагање членовите да го надминат негативното влијание на целокупната економска криза и да го промовираат економското зајакнување на жените и економската еднаквост.
СКСЗМ во соработка со Management Consulting Association 2000 ќе придонесе за оваа цел преку обезбедување на нови услуги за штедење енергија, диверсификација на снабдување со енергија, забрзано ширење на обновливите енергетски потенцијали за нашите компании-членки. Проектот ќе се фокусира главно на: Енергетски менаџмент и ефикасност, управување со отпадот од енергетски материјали и застапување за зелени бизниси.