СКСЗМ презентира анализа за зоната на Визбегово
СКСЗМ денеска организира конференција за медиуми, преку која ја презентира извршената анализа за зоната на Визбегово. Таа како легитимен претставник на бизнис заедницата во Република Северна Македонија, водејќи грижа за заштитата и промоцијата на интересот на бизнисот во земјата и надвор, со цел на создавање на поповолни услови за водење бизнис, секогаш била, е и ќе биде на челото на предизвиците и бариерите кои го спречуваат нормалниот развој на компаните членки. Индустриската зона Визбегово, од почетокот на функционирањето е заложба на СКСЗМ во јавните настапи од причина на нејзиното значење во економскиот развој на земјата. Оваа зона е единствениот позитивен пример кој преживува благодарение на сопствените капацитети, зона која генерира значителна профитна маржа и значајно влијае во намалување на невработеноста во Република Северна Македонија.
Рамноправниот регионален развој и создавањето на исти услови за сите индустриски зони во градовите би влијаеле во спречување на одливот на квалитетната и стручна работна сила. Ова е еден од основните механизми за задржување на младите генерации во земјата кои ја претставуваат нашата иднина.
Што се однесува на аспект на инфраструктурата и условите за водење бизнис многу е значајно да се каже дека зоната Визбегово, иако е дел од овој плански регион има недостаток на примарна инфраструктура за нормално функционирање, и тоа: поврзување со водоводна и канализациона мрежа, редовно снабдување со електрична енергија, нереновирана патна инфраструктура и др. СКСЗМ денеска презентира една специфична анализа за состојбата и предвидувањата за развој на оваа зона во иднина. Оваа анализа е реализирана од СКСЗМ и изработена во соработка со Инсајдер ИД и Таргет Груп.
Од разработените и анализираните податоци, се гледа дека:
индустриската зона Визбегово учествува со околу 3,4% во БДП на Република Северна Македонија; компаниите од оваа зона имаат значајно зголемување на приходот од 2013-та до 2017-та година од 270,3 на 342,7 милиони евра, со најголем остварен приход во 2016 година од 380,1 милион евра или просечен раст од 7% годишно за 5 годишен период, или 72 милиони евра;
зоната во целина има повисок процент на економски раст во однос на целата македонска економија, што посочува на успехот на овие компании, иако условите во зоната се неповолни; според движењето на приходите, расходите и профитот на компаниите, се очекува до 2022 година, вкупниот приход да изнесува до 431,3 милиони евра;
пренасочување на мали и средни претпријатија преку нивна стимулација во вид на финансиски средства и деловни простории во кои се зголемува можноста на соработката која ќе влијаеше во унапредување на екосистемот и ќе биде клучно за експоненцијален раст на зоната како и придвижување на економијата во државата; бизнисите кои дејствуваат во оваа зона сведочат одржливост од што околу 41% од нив се активни во пазарот над 11 години, 21.8% се активни 7 до 10 години , а 15.5% на компаниите се активни 4 до 6 години; што се однесува на дејноста на компаниите на зоната, најголем процент од нив се бават со Трговија на големо и трговија на мало и тоа 48%, додека Преработувачката индустрија е втора со 19%, кое е логично бидејќи производството бара повисоко ниво на развој на инфраструктура во споредба со трговијата; компаниите од зоната вработуваат повеќе од 2800 работници, и според трендот на раст и реалните економски предвидувања, во периодот од 5 години се очекува раст на овој број до 3100 вработени или 11% раст од моменталната состојба;
инфраструктурните проблеми и институционалната негрижа доведоа до тоа за 5 години да згаснат 139 компании, затоа треба да прашаме дали сакаме овој тренд да продолжи или со сите сили да се бориме на ефикасен и ефективен начин да спречиме такво нешто и да зборуваме само за раст на бројот на компании основани во оваа зона.
Од овие податоци несомнено се потврдува дека Индустриската зона Визбегово претставува една многу значајна алка во функционирањето на економијата во државата, како според остварениот обрт, така и според новите вработувања.