СКСЗМ: Презентациски состанок за Програмата за стипендирање oд Chevening
20 Септември 2017 – Денес Стопанската комора на северо-западна Македонија ја посети службеникот за меѓународна соработка г-ѓа Џозелин Смит.
Г-ѓа Смит ја презентираше програмата која ја нуди Велика Британија преку Чивнинг стипендијата, со која обезбедува целосно финансирање како одлична можност за новите лидери за професионален и академски развој преку студирање во Велика Британија и во исто време доживување на британската култура.
“Целта на овие стипендии не е само со академска, туку и социјална цел. За нас е важна блискоста со различните култури и различните начини за решавање на прашањата . “Чивнинг” стипендијата нуди покривање на една година студирање, и се разбира студентите треба да имаат добро познавање на англискиот јазик “- рече г-ѓа Смит.
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина, трошоците за живеење, патување помеѓу Македонија – Велика Британија, како и надоместокот за изработка на дипломскиот труд.
За повеќе информации за програмата, видете на: http://www.chevening.org/