СКСЗМ пред студентите во УЈИЕ

Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, Стопанската комора на Северозападна Македонија имаше презентација на своите активности и мисија пред студентите на овој универзитет.

Целта на оваа презентација беше да ги запознае студентите со општиот концепт на стопански комори, како институции кои претставуваат заеднички глас на членките пред надлежните органи и граѓанскиот сектор. Главниот фокус беше на Стопанската комора на Северозападна Македонија, така што студентите имаа можност да добијат информации од прва рака за стратешките цели на Комората, целните групи, организационата структура, составот и членството базирани врз индустрија/сектори, бенефиции од членството, услуги за членовите и потенцијалните членови од географскиот регион што ги покрива, како и проекти и активности кои се спроведени досега и планира да ги спроведе во иднина.