СКСЗМ – Предлог законот за данок за солидарност штетен за економијата, пратениците да не го гласат истиот

17.08.2023, Скопје –  Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија стои на ставот за недонесување на Предлог Законот за данок за солидарност, бидејќи истиот, спротивно на напишаното во образложението на законот, не се заснова на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, туку истиот врши селекција на компании и ги „казнува“ успешните, кои не мора да значи дека оствариле вишок профит како резултат на кризата.

Во Република Северна Македонија, постои Комисија за заштита на конкуренцијата и доколку истата оценува дека некои компании профитирале во услови на доминантна позиција на пазар овозможено од криза, треба да се покрене иницијатива пред Комисијата и да се конфискуваат тие средства.

Покрај сите компликации што може да ги донесе овој закон, како во краткорочна така и во долгорочна перспектива, истиот ги дестимулира компаниите да инвестираат и да се развиваат, бидејќи во случај на пораст на приходите и нето добивка, тие ќе треба да плаќаат екстра  данок, што дополнително може да ја стимулира неформална економија.

Правната и економската сигурност на домашните компании или странските инвеститори во голема мера зависи од способноста на институциите да изнајдат правични и разумни решенија во време на криза, а во овој случај,  решенијата за излез од истата не треба да паѓаат врз грбот на бизнисите, кои се уште не можат да се закрепнат од последователните кризи.

СКСЗМ, останува во ставот дека овој закон не треба да се донесе и апелираше до сите надлежни институции да рефлектираат и да најдат алтернативни начини за ублажување на последиците од кризата

 

Служба за информирање

Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија