Home / Проекти вести / Заштита на трговските марки од прекуграничниот регион / СКСЗМ по вторпат го презентира Проектот: „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка„

СКСЗМ по вторпат го презентира Проектот: „Заштита на трговската марка на производите од прекугранична соработка„

Овој Проект ќе се реализира во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, каде ќе се опфатат градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, додека од страна на Албанија, градовите: Корча и Дибра. Проектот започна да се имплементира на 2-ри јуни 2014 година, и ќе трае до 2-ри декември 2015 година, односно вкупно 18 месеци.

Извршниот директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, г. Арбен Халили го отвори настанот со поздравен говор. Тој зборуваше околу Проектот и предностите кои им ги носи на компаниите заштитата на трговската марка.

“Наша цел е да се подигне свеста на компаниите за индустриска заштита во нивната долгорочна дејност и заштитата на производот преку сертифицирање на трговската марка, како можност за да ú се спротивстават на безмилосната глобална конкуренција”, изјави меѓу другото г. Халили.

Г. Али Асани, Државен советник во Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија зборуваше пред присутните претставници на компаниите и другите гости подетално околу податоците на Заводот, како и ги објасни постапките за заштита на трговската марка и патентирањето.

Презентацијата на проектот ја направи г-ца Мируше Џељадини, Координатор на Проектот. Таа подетално ги презентираше целите, активностите, целните групи и резултатите кои се очекуваат од Проектот.

На состанокот учествуваа претставници од компаниите членки на СКСЗМ од регионот на Западна Македонија.

На крајот од состанокот, се послужи коктел за присутните. 

2