СКСЗМ потпишува меморандум за соработка со Центарот за стручно образование и обука
СКСЗМ продолжува со проширувањето на своето партнерство, каде денес на 14 февруари 2022 година, во канцелариите на СКСЗМ извршниот директор г. Дриљон Исени потпиша меморандум за разбирање и соработка со Центарот за стручно образование и обука.
Овој меморандум предвидува меѓусебна соработка меѓу двете страни, која ќе иницира соработка во различни области од колективен општествен интерес, размена на информации, решавање на заедничките проблеми и заедничка работа во адаптирање на потребите на образованието во согласност со деловните барања.
СКСЗМ продолжува да ја шири својата мрежа на партнери со единствена цел да ги зајакне услугите за членовите, но и да го подобри економскиот систем на земјата.