СКСЗМ потпишува меморандуми за соработка за одржливо управување со отпад со Еко Флуид и Еко-Текс
Стопанската комора на северозападна Македонија потпиша два Меморандуми за соработка со два колективни постапувачи за управување со отпад, Еко-флуид и Еко-текс. Оваа иницијатива ќе обезбеди на членките на СКСЗМ да имаат пристап до услугите за одговорно управување со отпадот, вклучувајќи рециклирање и депонирање на масла и текстилен отпад.
Меморандумот со Еко-флуид вклучува управување со отпадни пасла, додека Меморандумот со Еко Текс опфаќа управување со текстилен отпад за нашите членови.
Овие партнерства имаат за цел да ги едуцираат и поттикнат нашите членки да управуваат со отпадот на одржлив начин и во согласност со важечките закони и прописи.
СКСЗМ е посветена на унапредување на еколошката одржливост и поддршка на своите членки во постигнувањето на најдобрите практики за управување со отпад. Соработката со Еко-Флуид и Eко-Текс претставува важен чекор во оваа насока, придонесувајќи за почиста и поздрава животна средина.
Оваа иницијатива е дел од грант-проектот „Зелени бизнис лидери“© спроведена од СКСЗМ во соработка МКА 2000,и е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ финансиран од УСАИД и имплементиран од Консалтинг за стратешки развој.