СКСЗМ потпиша меморандум со МАСИТ

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија потпиша меморандум за соработка со Стопанската Kомора за Информатички и Комуникациски Технологии (МАСИТ).

Долгогодишната плодна соработка меѓу двете стопански комори сега се формализира со цел истата да зајакне и да се развива во насока на идно интензивирање. Двете комори во иднина ќе реализираат заеднички активности кои вклучуваат: организирање на настани, вмрежување на компании, подигнување на јавната свест за одредни бизнис прашања од заеднички интерес, размена на информации, како и изработка на стратегии за клучните процеси во македонската економија.

Крајната цел е посилно да се слушне гласот на бизниот и активно да се делува во насока на креирање поповолна клима за водење и стартување бизнис во Република Северна Македонија.