СКСЗМ потпиша меморандум за соработка

  Создавање балкански бренд за конкурентен настап на трети пазари е целта на бизнисмените од регионот, порачаа денеска претседателите на Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија, Зоре Темелковски и Мендерес Кучи, пред денешното потпишување на меморандумот за соработка.

  Според нив, регионот има потенцијал на идеи, доволно знаење, сопствен капитал и ресурси за успешно вклучување на глобалниот пазар.

  Бизнисот секогаш брзо и правилно ги донесува одлуките. Сите ги имаме истите идеи и визии, од пресуден интерес за нас се пазарот и капиталот, и  дека посебно значење треба да се даде на регионалната соработка, истакна претседателот на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија. г-дин Мендерес Кучи.

  Претседателот Мендерес Кучи ја понуди подршката на СКСЗМ за двата форума, за кои Македонско-Бугарска Стопанска Комора го информираше претседателот на СКСЗМ дека ќе ги организира во Скопје и во Софија.

 

Comments are closed.