СКСЗМ потпиша Меморандум за соработка со Стопанската Комора на Беневенто од Италија

Целта на ова средба  беше прширувањето на полето на соработка помеѓу двете држави или поточно помеѓу двете Стопански Комори.

Делегацијата беше предводена од Претседателот на Стпанската комора на Беневенто, г-дин.Антонио Кампезе, регионален советник а истовремено и Претседател на Асосијацијата за градежништво во Кампањи, г-дин Џузепе Пелегрино, г-дин.Биаџо Дичо, советник во најголемата банка во Италија ЦРС Асти Банка, а истовремно и претседател на најголемата Асосијација за градежништво во Италија, г-дин.Џулијано Мартино, советник од полето на агрокултура во Стопанската Комора на Беневенто и советник за услужни фирми, г-дин.Алберико Поркаро.

 Домаќините на СКСЗМ топло ги дочекаа и разговараа долго околу начинот на функционирање на Комората од денот на основање до денеска, предизвиците со кои се справува, начинот на менаџирање со компаниите членки, односите со членките, другите комори, целта и можностите за проширување во иднина итн. Од овие причини ова средба, според Претседателот Мендерес Кучи беше оценета многу корисна и плодна за двете страни. Меѓу друго тој истакна дека срцето на СКСЗМ не е тесно, напротив е големо и има место за сите, особено за нашите стари пријатели италијани, со кои имаме доста сличности како народ.

Исто како и СКСЗМ и Стопанската Комора на Беневенто, главно беше сконцентрирана на малите и средните претпријатија и токму ова беше точката каде што претседателите на двете Комори се согласија и кажаа дека токму малиот бизнис е сржта на нашето општество и таму и треба да остане нашиот фокус.

После потппишувањето на меморандумот за соработка, Делегацијата се насочи кон Тетово, како дел од агендата, каде што ќе се посети Слободната Економска Зона во Тетово, за која зона се дискутираше и во текот на средбата. На крај на денот, во еден од рестораните на градот ќе биде поставена вечера за претприемачите од Италија и нашите членки.  

 

 

Comments are closed.