СКСЗМ поблиску до проблемите на бизнис заедницата во Куманово
10 Aприл 2018 – Ова година Стопанската комора на Северо-Западна Македонија започна со нова активност наречена Roadshow на СКСЗМ. Целта на овој Roadshow е претставниците на СКСЗМ да се сретнат со компаниите-членки и да бидат поблиску до бизнисите за да ги видат проблемите со кои се соочуваат за време на нивната дејност и презентирање на разните услуги кои ги нуди Комората.
На денешните состаноци со Кумановските компании како што се Демир Импекс, Лами Форм, Керамика Елегант, Сити Бетон и Ритрон Копи беа презентирани многу важни информации во врска со работата, функцијата и улогата на Комората во економскиот развој и заштитата на деловните интереси во Република Македонија и пошироко.
На состанокот извршниот директор Дрилон Исени рече дека е формиран посебен сектор во Комората, кој ќе ги третира сите проблеми, жалби и барања на бизнисит. Оваа биро на Комората, исто така, ќе служи за да обезбеди информации во реално време за проблемите со кои секој претприемач може да се соочи во однос на државата, царинската и даночната администрација.
Во Куманово, бизнисите се соочуваат со бројни бариери кои не ретко го оневозможуваат нивното активно учество на пазарот. Пречките поврзани со финансиските извори, развојот на економско индустриската зона на овој регион, неисполнувањето на обврските од страна на правни и физички лица, разните инспекции и професионалното образование на кадарот, кои го отежнуваат реализирањето на иницијативите кои можаат да ги имаат за проширување на нивниот бизнис.
Следниот состанок во рамките на Roadshow, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ќе го има во Тетово.