СКСЗМ отвори Инфо Поинт Центар во Тетово

На свеченото отворање учествуваа претставници од компаниите членки на СКСЗМ, невладини организации, универзитети, Градоначалничката на општина Тетово, како и претставници од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Овој Проект ќе се реализира во полошкиот и југозападниот регион на Македонија, каде ќе се опфатат градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга и Охрид, додека од страна на Албанија, градовите: Корча и Дибра. Проектот започна да се имплементира на 2-ри јуни 2014 година, и ќе трае до 2-ри декември 2015 година, односно вкупно 18 месеци.

Настанот го отвори Претседателот на СКСЗМ, Г. Мендерес Кучи, и одржа поздравен говор.

Меѓу другото, тој истакна дека дамнешна идеја на Комората е започнување иницијатива за подигнување на свеста на компаниите за заштита на трговските марки и производите на начин што почетната инвестиција и регистрацијата на марката во голема мера ќе им помогне на компаниите подоцна да не се злоупотреби нивното име или марка, која може да ги чини многу, па дури и до губење на имиџот на производот.

Г-ѓа Теута Арифи, градоначалничка на општина Тетово, во својот говор истакна дека нашата земја има многу производи, но единствена работа која треба да се направи е да се подигне знаењето на компаниите за заштита на нивните трговски марки. “Се надеваме дека овој Проект ќе има влијание врз компаниите за нивно освестување од аспект на заштита на трговските марки и производите„ – изјави г-ѓа Арифи во својот говор.

Отворањето заврши со свечено сечење ленти и коктел.

 

Comments are closed.