СКСЗМ оствари средба со претставници на ИВЗ

Во 2013 година, во рамки на Исламската Верска Заедница, се основаше Агенцијата за Халал Стандарди, преку која деловната заедница ќе има можност да ги сертифицира производите со меѓународниот стандард “Халал”.

“Халал” стандардите не се ограничуваат само на прехранбени производи, ресторани, мали продавници, но како концепт ја вклучуват и козметиката, фармацевтското работење, здравството, био-технологијата туризмот, транспортот, финансиите, модата и телевизијата.

Халал сертификатот влијае на довербата на потрошувачите во производите кои ги користат, во нивните партнерски односи, потикнувајќи раст на нови инвестиции, намалување на пазарните бариери и креирање на нови бизнис можности.

Во наредниот период се очекува интензивирање на соработката меѓу СКСЗМ и ова Агенција, со цел да им се излезе на пресрет на барањата на потрошувачите и деловната заедница воопшто.  

Comments are closed.