СКСЗМ оствари средба со претставници на општина Прешева
СКСЗМ одржа средба со заменик градоначалникот на општина Прешево г-дин Алмин Шаќири и директорот на канцеларијата за локален еконосмки развој г-дин Дритон Бина, каде беа пречекани од претседателот на СКСЗМ, г-дин Менди Ќура и други претставници од комората.
На оваа средба се разговараше за иницијативата за создавање на економската зона во Прешево, инвестициската клима и соработката меѓу Комората и споменатата институција во делот на деловните економски проекти и нивниот потенцијал.
СКСЗМ и нејзиниот претседател Ќура изразија подготвеност за помош и поддршка во конципирањето на оваа важна област, за тој регион.
СКСЗМ, како и секогаш, е достапна за бизнисте кои сакаат да ги прошират своите деловни активности, со цел локален и регионален економски развој.