СКСЗМ оствари средба со експертот за антикорупциjа, Стјуарт Гилман
Присутни на состанокот беа претседателот на СКСЗМ, г-дин.Meндерес Кучи, членовите на Надзорниот и Управниот Одбор г-дин Ибрахим Ислами, Рамазан Вејсели и г-дин.Касам Зендели, г-дин.Стјуард Гилман експерт за антикоруција, г-ѓа.Кајтлин Турк, советник за култура и образование во рамки на Амбасадата на САД во Скопје, г-дин. Јетон Красниќи и г-ѓа. Сабина Факиќ ,Координатори на програмата во рамки на Центарот за граѓански комуникации.
Темата на средбата беше борбата против корупцијата , со посебен нагласок на: улогата на стопанските комори во борбата против корупцијата, транспарентноста на владините издатоци и учеството на бизнисот во изготвувањето на Закони и законските прописи.
Доктор Гилман, кој има меѓународно искуство во борбата против корупцијата во Обединетите нации, Светската банка, Транснационалните Корпорации, итн, истакна дека Стопанските Комори се многу добар инструмент за борба против корупцијата, тој исто така укажа на влијанието на Етичкиот Кодекс и неговата улога во откривањето на корупциските проблеми кои ги среќаваме во секојдневниот живот.
Претседателот на СКСЗМ нагласи дека најголем проблем на корупцијата е тоа што, не тера сите нас да мислиме дека не можеме без неа.
Имено членовите на СКСЗМ имаа можност да ги слушнат искуствата на меѓународниот експерт во борбата против корупцијата од страна на Др. Гилман но и обратно експертот имаше можност да се информира директно за реалните проблеми со кои се соочува бизнис заедницата во Македонија.
Двете страни беа задоволни од нивото на разговор и нагласија дека во иднина ќе соработуваат повеќе во сферата на борбата против корупција.
Comments are closed.