СКСЗМ оствари работна средба со своето членство во Струга

 

Остварувањето на оваа средба е продолжение на претходни активности на СКСМЗ во Струга, каде сега веќе постои организирана структура на членството, која ќе работи како локална канцеларија во Струга.

Отворањето на состанокот го направи г. Менди Ќура, кој откако ги поздрави присутните, го презентираше и Извештајот за работа на досегашните активности на Работната група од Струга, додека Секретарот на Координативното тело, г. Љуљзим Насуфи ги презентираше главните точки на платформата која содржи суштински прашања од економската сфера, како и потребите на членството на СКСЗМ.

Претседателот на СКСЗМ, г. Мендерес Кучи, откако ги поздрави присутните, му се заблагодари на Градоначалникот на Општина Струга за неговата подготвеност да соработува со СКСЗМ и нејзиното членство во Струга, истакнувајќи дека улогата на бизнис заедницата е многу важна за подигнување на едно општество. Сепак, поддршката од општинската администрација е повеќе од неопходна во нашата работа, и ние сме длабоко заинтересирани да соработуваме со сите градоначалници, вклучително и со градоначалникот на Општина Струга.

Од своја страна, Градоначалникот на Општина Струга, г. Зиадин Села, го изрази своето задоволство за присуството на струшките бизнисмени и на Управата на СКСЗМ на овој состанок, кој, освен информативниот аспект во врска со досегашните активности на Работната група, има за цел разгледување на суштинските прашања и проблематики со кои се соочуваат бизнисмените во Струга.

„Нашата општина е отворена за соработка со Вас, преку заеднички напори да ја отстраниме секоја можна пречка која влијае врз Вашата работа, а која зависи од локалните власти, додека за оние проблеми чие решение зависи од централното ниво, ние ќе направиме напори со поддршка на СКСЗМ да лобираме за нивно надминување”- истакна Градоначалникот Села.

На состанокот се разгледаа различните проблеми со кои се соочуваат бизнисмените од областа на градежништвото, инфраструктурата, со посебен акцент на образовната, затоа што токму професионално подготвениот кадар е оној од кого имаат потреба компаниите од Струга, а ова претставува еден од главните проблеми.

На овој состанок се констатира дека токму донесувањето на Генерален урбанистички план ќе овозможи создавање на услови за индустриска зона, која се планира да обезбеди најповолни услови за правење бизнис.

На крајот, Градоначалникот на Општина Струга ја истакна својата подготвеност за продлабочување на соработката со СКСЗМ, при што, ќе овозможи и обезбедување на локална канцеларија за нашето членство. Г. Мендерес Кучи пак, потенцираше дека токму Координатор на Групацијата за развој на туризмот при СКСМЗ ќе биде од Струга.

Comments are closed.