СКСЗМ организираше Ифтарска софра

  По повод светиот месец на Рамазан, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија беше домаќин на Ифтарската софра, збогатена со домашни производи од членките компании на нашата Комора.
  Беа поканети сите компании како и претставници од државните институции, општините, амбасадите во Република Македонија, меѓународните организации, и компаниите членки на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија.

Присутните ги поздрави претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г-дин Мендерес Кучи, а потоа им се обрати и Реис Ул Улема Суљејман еф. Реџепи.

  Оваа година ифтарот се организира по втор пат, и се надеваме дека идната година сите заедно ќе се собереме на истата софра.

 

Comments are closed.