СКСЗМ организираше инфо сесија со ФИТР, за повикот “Со дигитална трансформација до иновација”

Денес, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија со Фондот за Иновации и Технолошки развој и @Increasing Market Employ-ability организираа инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”. На инфосесијата присуствуваа претпријатија од земјоделско -прехранбрниот сектор членки на СКСЗМ кои имаа можност подетално да се запознаат со условите и критериумите на предизвикот од страна на тимот на ФИТР и ИМЕ.

Извршниот директор на СКСЗМ г-дин Дриљон Исени во неговото воведно обраќање истакна дека дигиталната трансформација односно, дигитализацијата е клучен елемент за бизнисот и економијата особено во последните години во кои конкурентноста се зголемува во домашната но и регионалните и светските пазари, и доколку нашата економија  го задржи чекорот со поразвиените земји, ќе биде токму преку дигитализација и дигитална трансформација и иновации.

Директорот на ФИТР Халили истакна дека ФИТР досега има поддржано 90-тина иновативни проекти од овој сектор, со заеднички инвестиции од вкупно 13.5 милиони евра. Истотака, неговите очекувања се дека оваа бројка значително ќе се зголеми преку можностите кои ги нудат за малите и средни претпријатија побрзо да го започнат процесот на дигитализација и дигитална трансформација на процесите на работење. Овој чекор е неопходен за претпријатијата кои сакаат да се движат напред, да станат поефикасни и конкурентни на пазарот, додаде тој.

Вкупниот буџет на повикот изнесува 18.450.000 денари.

Повеќе детали за предизвикот се достапни на следниот линк: https://fitr.mk/digitalna-transformacija/