СКСЗМ одржа средба со претставници од Амбасадата на Кина

18.01.2022, Скопје

Денеска, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија организираше средба со претставници од Канцеларијата за економија и трговија на Амбасадата на Народна Република Кина, на чело со економскиот и трговски претставник г-дин Хе Бингхуа.

Целта на средбата беше да се видат можностите за продлабочување на економско-трговската соработка меѓу двете држави. Извршниот директор на Комората, г-дин Дриљон Исени истакна дека трговската размена го нема достигнато нејзиниот потенцијал и дека има можност за подобрување. Истотака, г. Исени истакна дека компании членки на Комората имаат интерес да ја продлабочат соработката со компаниите од Народна Република Кина. Од претставниците на Амбасадата беше истакнато дека постои интерес за соработка за да се зголеми извозот од Северна Македонија во Кина.

СКСЗМ, врз основа на својата мисија и визија, како и стратешки цели, секогаш ги поддржува иницијативите за економски развој на нашата земја.