СКСЗМ одржа средба со претседателот на Град Скопје

СКСЗМ на чело сo претседателот г-дин Неби Хоџа и делегација од комората одржа средба со градоначалникот на Општина Скопје г-дин Петре Шилегов, каде се дискутираше за различни теми, а фокусот беше ставен на зголемувањето на соработката помеѓу СКСЗМ и Општина Скопје, бидејќи само со помош на државните институции може да се постигне подобрување и поголем капацитет на економскиот развој во земјата.

СКСЗМ секогаш стои зад бизнисите овозможувајќи им директна комуникација со државните институции и ова ќе помогне во надминувањето на потешкотиите со кои тие се соочуваат во правењето бизнис.