СКСЗМ одржа средба со Општина Тетово
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со претседателот Г-дин Неби Хоџа заедно со претставници на бизнис заедницата членки на СКСЗМ, одржаа средба со Претседателката на Општина Тетово Г-ѓа Теута Арифи. Главните точки за кои се дискутираше на оваа средба беа: легализација на изградените објекти, давањето на одобренија за градење, градењето на обиколниците за полесен пристап до автопат и развојот на инфраструктурата. Овие се многу важни компоненти кои ќе овозможат непрекинат развој на бизнисот и исто така ќе овозможат напредок на економијата како на локално така и на централно ниво.
СКСЗМ ја поддржува секоја иницијатива која е поврзана со создавањето на подобри услови за добра бизнис средина и успешна економија. Особено градењето на патиштата и подобрувањето на инфраструктурата е многу важен чекор за развој на бизнисот, бидејќи овозможува слободно движење на луѓето и стоката. Ова придонесува за заемна придобивка. Се дискутираше и во иднина да има повеќе средби преку кои ќе се видат реалните проблеми и ќе може да се најдат подобри и заеднички решенија, како и можност за реализација на идеи и задачи кои постојат.
СКСЗМ придонесува за највисоко ниво на комуникација помеѓу претприемачите и институциите и ќе овозможи одржување на состаноци кои се неопходни и нужни за постигнување на плодна соработка.