СКСЗМ одржа средба со Комората за Трговија на Република Куба
Претседателот на СКСЗМ г.Неби Хоџа, заедно со делегацијата на комората одржаа средба со Комората за Трговија на Република Куба, каде што беше разговарано за можностите за соработка. Посебен акцент беше ставен на различни сфери, вклучително и туризмот, електричната енергија, градежништвото и други.
Ова е многу важен чекор за земјата, кој би овозможил глобална соработка.