СКСЗМ одржа средба со Занаетчиската Комора
Скопје, 25 јануари 2022 година
Во просториите на СКСЗМ, претседатело г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дриљон Исени пречекаа претставници на Занаетчиската комора на Република Северна Македонија.
На оваа средба се разговараше за можностите за соработка во однос на надминување на проблемите кои се заеднички за двете страни како што се скапите тарифи за струја, минималната плата и многу други важни точки.
Се разговараше и за можноста за потпишување меморандум за соработка меѓу двете комори со цел зајакнување на соработката меѓу страните.
СКСЗМ не исклучува соработки со никого, се додека соработката има за цел да ја подобри деловната клима и социо-економскиот развој.