СКСЗМ одржа средба со властите во Косово за надминување на кризата во трговската размена меѓу земјите

Од средбата со претставниците на KБA  беше откриено дека блокирањето на границата од македонска страна е што предизвикува големи економски загуби во оваа земја, истотака почна и да се загуби имиџот на двете земји, затоа барањето на  бизнис заедниците на двете  земји е што побрзо да се деблокира  границата и да се постигне прифатлив  договор.

Исто така, на состанокот спроведен со Министер за Трговија на Република Косово беше дискутирано за неодамнешните проблеми во трговските односи меѓу Косово и Македонија и пречките за слободно движење на луѓе, поттикнати понатаму со поставување бариери на патиштата во Република Македонија од страна на здружение на превозници “Maкам Транс”.  Ставот на Косовската Влада  е дека Македонија треба да го направи првиот чекор со цел да го отвори патот за решавање на проблемот кој во голема мера го попречија трговски промет меѓу двете земји.

Министерот за финансии на Република Косово, г-дин. Беќај високо ја цени посетата на бизнис делегација од  СКСЗМ,за  да се најде решение што е можно поскоро да се надмине ситуацијата, но нагласи дека најголемиот губитник на оваа ситуација е  Македонија која до моментот на реализација на  посетата  претрпе загуба околу  4.5 милиони евра.

Заеднички став на сите учесници беше најголем губитник на овие мерки ќе биде Македонија, кој исто така е иницијатор на оваа ситуација, кршење на правилата на слободната трговија, но исто така и во исто време спречување на слободно движење на граѓаните.

Претставниците на косовската влада, но, исто така и Косовската бизнис заедница, истакна дека решението мора да се бара во Скопје а не  во Приштина.

По нивната посета на Косово, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна              г-дин.Мендерес Куќи, и претседателот на Македонско-Бугарската Стопанска Комора г-дин Зоре Темелковски, реализира прес-конференција за медиумите каде ги откриа ставовите на косовските колеги и повика во најкратен можен рок да се надмине ситуацијата која најмногу му штети на домашниот пазар.

Comments are closed.