СКСЗМ одржа состанок со претставници на Светскиот Конгрес на претприемачи

Во просториите на СКСЗМ, денес беше организиран состанок каде што беа присутни Извршниот директор г.Дрилон Исени, заедно со претставници на комората, а од другата страна претставници на Светскиот Конгрес на Претприемачи. За време на овој состанок започнаа првите чекори за соработка со горенаведениот конгрес во секторот на мали претпријатија.

Главната тема на дискусија беше можноста за соработка со нашите компании-членки, кои би можеле да бидат учесници на  Светски претприемачки конгрес, кој ќе се одржи во Република Северна Македонија, што би влијаело на проширување на бизнисите на глобални граници.

Главната цел на овој конгрес е да го промовира претприемачкиот дух, културата, целите и важноста на претприемништвото. Другите специфични цели се да се влијае на развојот на регионалната соработка, да се промовираат инвестициските потенцијали за привлекување странски инвеститори, но и да се охрабрат домашните инвеститори да влијаат на воспоставувањето на соработка помеѓу компаниите, универзитетите, институциите и пазарот на трудот.