Home / СКСЗМ одржа информативен состанок за ИПАРД фондовите

СКСЗМ одржа информативен состанок за ИПАРД фондовите

Учесници на настанот беа претставници на различни компании од различни региони,  заинтересирани за ИПАРД програмата, новиот Повик за начинот на подготвување на документацијата и аплицирањето за новата Програма, која се очекува да се објави од 2015 година натаму.

Средбата помеѓу претставниците на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој и стопанствениците се чини дека беше продуктивна. Стопанственците имаа можност  јасно да ги искажат нивните нејаснотии околу процедурите и начинот на аплицирање за овие фондови, но и претставниците на Агенцијата од друга страна, директно да ги сослушаат поплаките во делот кај што тие наидуваат на потешкотии и заедно дискутираа околу тоа зошто Република Македонија се наоѓаа во оваа ситуација на неискористеност на понудените средства во целина за овие 5 или 6 години.

На Отворениот ден се презентираа и трите мерки или под-категории во кои се опфатени дејностите или условите на учество за физичките и правните лица. Првата мерка е мерка 101 која ги опфаќа инвестициите на земјоделските стопанства за преструктурирање и надградба до стандардите на Европската Унија. Втората мерка под број 103 ги опфаќа инвестициите за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија, како и последната мерка под број 302 – диверзификација и развој на рурални економски активности.

Новиот Повик се очекува да излезе кон крајот на октомври или почетокот на ноември и е отворен за сите граѓани.

За подетални информации сите заинтересирани можат поопширно да се информираат и на веб страната на Агенцијата: ipardpa.gov.mk