СКСЗМ оддржа работен состанок со Призренскиот ЕСНАФ

Делегацијата беше предводена од Призренскиот ЕСНАФ и нејзиниот претседател г-дин.Едис Капрафи. На состанокот и се придружи и Скопскиот ЕСНАФ и нејзиниот претседавач, г-дин.Муедин Брава.

Целта на нивната посета и денешната средба со нашиот ЕСНАФ е запознавање со можностите што ги нуди нашата земја, можниот простор за склучување на соработка и заедничките предизвици на двете земји.

Претседателот на СКСЗМ, г-дин.Мендерес Кучи во неговиот говор, посебено се осврна на делницата Призрен-Тетово и нагласи дека косовската страна имала попозитивен пристап околу ова прашање, додека македонската страна стои чекор поназад, затоа укажа дека ние сме тие што треба да вложиме повеќе напор околу ова прашање.

СКСЗМ како и секогаш е спремна за креирање на нови можности и соработка помеѓу косовските претпримачи и членството на СКСЗМ, затоа денешната средба е нов пресврт за во иднина – нагласи претседателот Кучи.

Настанот беше придружен со ручек за присутните, а после ова гостите ја искористија можноста да се прошетат низ Тетово и да ги посетат некои од позначајните места, како Шарената Џамија и Теќето Арабати Баба. Призренските претпримачи а завршија средбата со посета на слободната економска зона во Тетово и да се запознаат одблиску со условите кои ги нуди ова зона за инвеститорите.

Останува да се недеваме ваквите средби да продолжат во иднина и да дават позитивен исход, во смисла на проширување на соработката помеѓу двете земји.