СКСЗМ овојпат ги соедини претставниците од дипломатскиот кор на Амбасадата на Косово во Скопје и претставниците на косовските бизниси во Македонија
20.10.2022 Скопје, -СКСЗМ во соработка со Амбасадата на Косово во РСМ организираше работен ручек со претставници на косовските бизниси во земјава.
Сега соработката на Амбасадата со албанскиот бизнис во РСМ претставува сериозна заложба за подигање на економската соработка на двете земји на повисоко ниво.
На средбата беа разговарани и разменети идеи со конкретни алтернативи за меѓусебна соработка во полза на интересите на косовските бизниси во земјава, особено на деловното вмрежување.
Хоџа истакна дека Косово е важен трговски партнер на нашата земја и затоа нашиот фокус останува на продлабочување на траговската соработка меѓу земјите со цел да се зајакнеме на регионалниот и на европскиот пазар.
На средбата беше претставена работата на Комората и нејзината мисија за унапредување на деловните интереси внатре и надвор од државата.
СКСЗМ како легитимен претставник на интересите на бизнис заедницата останува посветена на унапредување на меѓудржавните односи и секогаш е отворена и подготвена за соработка на сите полиња.