СКСЗМ носи инвеститори на средба со г.Зоран Заев
Делегација од СКСЗМ, на чело со г.Неби Хоџа, донесе инвеститори од Косово и Албанија, кои беа пречекани на средба кај премиерот на Р. Северна Македонија, г.Зоран Заев. Премиерот ги поздрави инициативите за инвестиција во нашата држава, бидејќи тие се корисни за целокупната економија.
Бизнисмените се информираа за клучните прашања, преку кои дознаа за можностите за инвестирање во различни сектори. Премиерот г.Заев го искажа задоволството, поздравувајќи го фактот дека компаните од соседните земји имаат интерес за инвестирање во нашата земја. Воедно, овој интерес ќе ги продлабочи и односите меѓу нашите соседни земји, со што се создаваат инвестиции и заедничка добивка.
Comments are closed.