СКСЗМ на чекор со финансиските новости
Делегацијата на СКСЗМ на Сараевскиот Халал Саем ја имаа можноста да се сретнат и со г. Амер Буквиќ од Босна Банк Интернатионал. Главните точки на дискусијата беа соработката помеѓу СКСЗМ и ББИ, а посебен акцент беше ставен на принципите на Исламските финансии.
ББИ е банка во Босна, која ги извршува своите активности врз основа на принципите на исламските финансии. Исто така беше разгледана можноста за проширување на овие принципи, што ќе доведе до поголем профит, како и можност за инвестирање од богатите земји во Блискиот Исток.
СКСЗМ секогаш ги следи новите начини на финансирање и на работење што секогаш ќе доведат до успех и профит, а особено во овој случај во време кога Исламските финансии се соочуваат со голем развој предводени од растот на земјите од Блискиот Исток.