СКСЗМ на средба со студентите на УЈИЕ
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка и со иницијатива на Студентската Унија денеска во Универзитетот на Југоисточна Европа организираше состанок со студентите, каде што беше претставена СКСЗМ со својата визија да стане организација лидер во застапувањето на бизнис-интересите, како и создавање на поволна средина за економски развој.
Извршниот директор г-дин Арбен Хаљиљи, исто така, ја презентираше организациската структура на СКСЗМ и услугите, од кои имаат корист сите компании кои стануваат членки на комората, како и можностите за практична работа во комората, и сите нејзини планирани активности за 2014 година.
Comments are closed.