СКСЗМ на средба со странските инвеститори
Владата на Република Македонија во соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и другите комори, денес организираше настан на кој околу 20 странски инвеститори во нашата земја ја презентираа работата пред домашните компании.
На бизнис средбата пред присутните се обратија Претседателот на Владата, г-дин Никола Груевски, а свое обраќање имаа и Заменик Претседателот на Владата, г-дин Зоран Ставрески, Заменик Претседателот на Владата на задолжен за економски прашања, г-дин Владимир Пешевски и Министерот за економија, г-дин Ваљон Сараќини.
После поздравните говори, од страна на г-дин Веле Самак, министер задолжен за странски инвестиции и г-дин Виктор Мизо, директор на Дирекцијата ТИРЗ беа презантирани активностите на странските инвеститори.
Целта на оваа средба беше да се поврзат домашните стопанственици со странските инвеститори и да се зголемат можности да станат нивни добавувачи.
Comments are closed.