СКСЗМ на средба со оштетените компании од Сингелиќ
26 Август 2016 – Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија Неби Хоџа се сретна со бизнисите погодени од поплавите на 6 август во Скопје, кои имaa голема штета на стоки и работилници. На средбата присуствуваа министерот за економија, Дритон Кучи и министерот за правда Валдет Џафери.
Бизнисите од оваа област очекуваaт Владата да го одржи ветувањето дека материјално ќе ги надомести сите штети предизвикани од поплавите на 6 август.
На средбата, компаниите што работат во областа ја изразија својата загриженост за регионот на Сингелиќ за кој што ниту една институција досега не била заинтересирана, и побара од владата да се вклучат релевантни институции и претставници од бизнис заедницата, кои ќе ја проценат штетата на бизнисите и ќе преземат конкретни мерки за помош на овие компании да бидат дел од надоместокот на штетите.
Comments are closed.